До денеска штедачите од Еуростандард банка обесштетени со 3,2 милијарди денари

од Vladimir Zorba

Фондот за осигурување на депозити ја информира јавноста дека од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка АД Скопје во стечај со право на обесштетување до денес се исплатени вкупно 3,2 милијарди денари што претставува близу 77% од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.

Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено и исплатата на истите се врши директно преку Фондот за осигурување на депозити. Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот.

До денеска се исплатени близу 10 милиони денари по основ на обесштетување на наследници на депоненти на Еуростандард банка АД Скопје во стечај.

Слични содржини