Дo дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група „Шверцери“

од Vladimir Zorba

Во институциите треба да има однесување како што налагаат кодексите за однесување во една институција од областа на културата. Во МНТ во петокот било најавено одржување на два настани, свеченото одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм, но до Дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група, се вели во реакцијата на Министерството на култура.

Таа доаѓа откако во петокот вечерта во зградата на Македонскиот народен театар навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб „Шкупи“ прослави 30 годишен јубилеј.

Јавноста реагираше за тоа кој дозволил навивачка група да прославува годишнина во театар.

– Колку треба да немате чувство кон институцијата која ја водите да ја издадете на навивачка група, напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски за прославата

Слични содржини