До добивање на резултатот: Сите кои се тестирале се обврзани да останат во самоизолација

од Берта Китинска

Седете дома, почитувајте ги мерките кои се на сила. Носете маски, апелираше директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) д-р Ирина Сотирова-Бухова на вчерашната прес-конференција.

„Секој граѓанин кој се тестирал е обврзан да остане во самоизолација до добивање на резултатот. Во зависност од резултатот, останува во самоизолација или не“, вели д-р Сотирова-Бухова.

Директорката Сотирова-Бухова вели дека решенијата на лицата кои се позитивни на Ковид-19 се издаваат во рок од 24 до 48 часа од добивање на списоци на позитивни лица.Таа кажува дека доцнат решенијата на контакти на позитивни лица, поради доцнењето на епидемиолошките анкети од страна на Центарот за јавно здравје.

Слични содржини