До петок Резолуцијата ќе биде поднесена во Собранието

од Берта Китинска

Резолуцијата многу скоро ќе се најде пред народните избраници.

До крајот на неделата ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе ја поднесе Резолуцијата за евроинтеграцискиот пат на Македонија. Ова го најави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. Вели дека донесувањето на оваа Резолуција е во интерес на сите граѓани.

„Содржината е целосно избалансирана и како таква може да биде од голема помош за Владата на Република Македонија во спроведување на нашиот надворешно политички приоритет, затоа што содржината е добра намера и со позитивен контекст којшто може да помогне во натамошно градење на добрососедските односи. Очекувам Резолуцијата да биде поднесена во текот на утрешниот ден или најдоцна до крајот на неделата“, изјави Муцунски.

Османи смета дека овој процес треба да се почне од нула

Најголемата грешка што може да ја направиме до сега, од една државна позиција која има кредибилитет поред светот, некој сега да ја претвори повторно во етничка, кажа во Утрински брифинг министерот за надворешни работи, Бујар Османи објаснувајќи го ставот за Разолуцијата.

-Ако заради некои политички, партиски амбиции, овој државен консензус кој што го постигнавме да го претвори повторно во етничко прашање, тоа е најголемата штета што може да ја направи. Ако треба да се донесе некаква резолуција тоа треба да биде производ од сите, а не наметната од некоја политичка партија. ДУИ е на ставот дека овој процсе треба да се почне  од нула, да седната политичките партии консензуално, а не да биде наметната од една парија, како што напоменав се плашам дека може од државна со вкава резолуција да преминеме во етничка позција, вели Османи.

Лидерката на ДОМ, Маја Морачанин во гостувањето на дневникот на ТВ Сител, коментирајќи за предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во преговорите со Бугарија изјави:

-Сакам да има национален консензус по ова прашање и затоа ја поддржуваме резолуцијата

Според неа, текстот е коректен, во насока на евроинтеграциите на Македонија и нема ништо спорно.

Слични содржини