До Правда не е доставено барање за регистрација на здружението „Цар Борис Трети“

од Vladimir Zorba

До Министерството за правда не е доставено барање за добивање позитивно мислење во постапката за регистрација на здружението „Цар Борис Трети“, соопштуваат оттаму.

Неколку медиуми претходно објавија дека во Охрид е регистрирано здружение „Цар Борис Трети”.

Реакција дојде и од еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаусотот. Случајот според нив е класичен пример на негирање на холокаустот, исмевање и навреда за Евреите, поради што побараа државата да застане на пат на ваквите појави за кои велат дека не носат ништо добро за сите во државата.

Тие во соопштение до јавноста потсетуваат дека Цар Борис Трети е ликот кој е директно поврзан со депоратацијата на македонските Евреи во Треблинка.

Бараат државата да обезбеди правна рамка со која ќе спречи формирање на вакви друштва.

Слични содржини