До веродостојни информации за вработувањето и животот во Словенија

од Vladimir Zorba

Во соработка со Амбасадата на РС во Скопје, на 7 и 8 јуни, од 10 до 17 часот организираме претставување на словенечките работодавачи во Скопје (хотел Хилтон) и во Битола (Културно-информативен центар – Офицерски дом). Миграцијата на работната сила станува се повеќе дел од нашето секојдневие. Прогнозите велат дека бројот на странски работници ќе продолжи да расте и во иднина.

На двата настана – кои ги нарековме Вработување и живеење во Словенија – македонските баратели на работи ќе имаат можност да се поврзат и директно да се запознаат со словенечки работодавачи од различни дејности и региони на Словенија. Работодавачите што ќе учествуваат се од областите на здравствената и социјалната заштита, производството, транспортот и логистиката, градежништвото, угостителството и туризмот итн. и тие заедно вработуваат над 13.000 работници.

Главната намена на настаните е да ги претстави тековните потреби на работодавачите при тоа на странските баратели на работа да им обезбеди веродостојни информации за условите за работа и живот во Словенија. Улогата на Заводот за вработување е да го поддржи информирањето на работниците, да го подобри нивниот пристап до информации за правата, постапките за вработување, законодавството итн. на еден разбирлив начин, бидејќи на тој начин може да им се обезбедат на работниците-мигранти исти права и третман како и на домашните работници, за да им се овозможи што поуспешно да се интегрираат во општеството при тоа да се намали можноста за нивна експлоатација или можна злоупотреба на работно место.

Посебен акцент ќе се стави на презентацијата на законските новини како и на другите информации од областа на вработувањето и работата на странците, на условите за работа и живот во Словенија како и помошта што може да се добие од словенечкиот Завод. Заеднички презентации ќе има на двете локации – во 12, односно во 17.00 часот.

Слични содржини