Доаѓа нова серија од авторот на „Сексот и градот“

од Stefanija Kuzmanovska

На крајот на 2019 година, фоторепортерите ја фотографираа Лили Колинс во прекрасни комбинации на облека на улиците на градот на светлината. Таа тогаш снимала сцени за новата серија од креаторот и продуцент Дарен Стар, под називот „Емили во Париз“.

Станува збор за негово враќање на екраните по огромниот успех на серијата „Сексот и градот“, и достигнувањата кои следеа, наведува „Директно“.

Тимот од соништата кој ги помести границите пред 20 години кога станува збор за претставување на женски ликови во телевизиски серии, сега ни претставува нешто сосема ново.

Првата сезона од серијата ќе има вкупно 10 епизоди, а секоја од нив ќе трае 30 минути.

Слични содржини