ДОАЃА НОВА ВАКЦИНА Ефикасна против опасните соеви на корона

од Берта Китинска

Германија мора да ја обнови својата кампања за вакцинација против Ковид 19 во борбата против сојот омикрон, но и да обезбеди услови за да може брзо да развие нова вакцина, доколку во иднина се соочи со смртоносна варијанта на коронавирусот, изјави министерот за здравство Карл Лаутербах.

„Доколку има ширење на варијанта што е заразна како омикрон, но многу посмртоносна, би требало да можеме да развиеме и произведеме нова вакцина за многу кратко време“, изјави Лаутербах во интервју за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“, пренесува Ројтерс.

Министерот, кој ја презеде функцијата минатиот месец, најави и дека владата планира да воспостави постојан систем за брза набавка и примена на вакцини во секое време, бидејќи може да има сериозни нови епидемии на инфекции.

„Не смееме да паднеме во наивна претпоставка дека пандемијата наскоро ќе заврши. Не е готово“, истакна Лаутербах.

Германија затвори големи центри за вакцинација во неколку држави минатото лето, откако побарувачката за вакцини против Ковид-19 опадна, пред повторно да се зголеми ширењето на новите видови.

Варијантата омикрон сега сочинува 44 отсто од сите инфекции со Ковид 19 во Германија, соопшти Институтот за заразни болести Роберт Кох (РКИ).

Денес, РКИ објави 55.889 нови инфекции со корона во рок од 24 часа, што е повеќе од двојно од претходната недела.

Долниот дом на германскиот парламент наскоро треба да расправа за нацрт-законот со кој вакцинацијата против Ковид 19 во Германија ќе биде задолжителна, наведува Ројтерс.

Слични содржини