Доаѓа ретрограден Меркур: Еве што ќе ви донесе!

од Elena Daskalova

Почнувајќи од 14 февруари па до 10 март, започнува астролошкиот феномен познат како ретрограден Меркур, кој носи бура во нашите животи. Ова е прв ретрограден Меркур за 2020 година.

Многу врски ќе имаат криза поради лошата комуникација и неразбирањето, па може да се каже дека тој период ќе биде тест за многу парови, а голем дел од нив ќе научат важни лекции за љубовта кои треба да ги запаметат засекогаш.

Емоциите ќе бидат посилни од кога и да е, но ќе постои и тензија која ќе може да се надмине најпрво со себеразбирање, а потоа и со толеранција кон другите. Можни се долготрајни конфликти, поради кои ќе треба да научите да правите компромиси и да ги контролирате своите емоции, а да го ставите разумот пред нив.

Обрнете внимание и на својата љубомора. Важно е да не ги потиснувате емоциите, но и да не заборавате дека и вашиот партнер е човечко суштество и дека исто така чувствува, има потреби и силни желби.

Сепак, сите хороскопски знаци во текот на овој ретрограден Меркур ќе научат важни лекции за меѓусебните односи и за тоа, но и за зајакнувањето на емоционалниот дел од личноста. Најдете сила и ќе успеете да излезете од оваа фаза без големи последици за вас.

Слични содржини