Добар потег е писмото на Пендаровски до Вартоломеј, смета МПЦ ОА

од Vladimir Zorba

Добар потег е писмото од претседателот Стево Пендаровски до Вселенскиот патријарх Вартоломеј како своевидна заложба на врвното раководство на државата да го помогне и поттикне решавањето на статусот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија, изјави за Канал 5 портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.

Отец Тимотеј информира дека очекуваат по излегувањето на вакцината за ковид 19, да се случи и средбата со Вселенскиот патријарх Вартоломеј кој ја најави сам со покана на претставници од МПЦ и од Српската православна црква за да ги соочи двете гледишта.

Претседателот Пендаровски упати писмо до Вселенскиот патријарх со замолница и на православните христијани во земјава да им биде дозволено да станат дел од светската христијанска екумена.

loading...

Слични содржини