Доби ќотек поради однесувањето: Српски тик-токер малтретирал работник од градското комунално претпријатие (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Српскиот тик-токер, Зоран Јовановиќ постојано сака да привлекува внимание со своето арогантно однесување, а сега очигледно добил казна поради тоа.

Зоран пред извесно време ја разбранувал јавноста кога на неговиот профил се појавило видео во кое тој лошо се однесуваше кон работник од градското комунално претпрејатие. Сега тој објавил уште едно видео, кое покажува дека доби нокаут во центарот на Белград.

Тој објави неколку видеа на ТикТок кои сега се шират на Твитер. На една од снимките се гледа како момче во црна тренерка и дуксер го удира со тупаница во главата. Следното видео покажува дека тик-токерот е повреден и има превез на едното око.

ТикТокер стана познат на пошироката јавност во Србија по инцидентот во кој тој лошо се однесувал кон работникот од градското комунално претпријатие.

На видеото, кое беше објавено во тоа време, се гледа како тој најпрво се потсмева на работникот, а потоа од рацете му ја грабнува метлата.

Овој срамен чин на исмевање и понижување на човечко суштество за неколку илјади прегледи и допаѓања, предизвика ужас кај многумина, па затоа реагираа корисниците на Твитер, осудувајќи ја тогашната постапка на „лудиот брат“, како што е потпишан на Тик-ток.

Слични содржини