Добил отказ од туристичка агенција, па се заканувал дека има бомби во автобусите

од Nikola Popovski

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола поднесе кривична пријава против З.И.(45) од с.Горно Крушје, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”, казниво по член 144 став 4 од Кривичниот законик.

Според СВР, на 28 јуни околу 16:40 часот пријавениот креирал лажен профил на Фејсбук и од него на официјалната Фејсбук страница на туристичка агенција од Битола, која е овластен превозник на вработени во фирма од Битола, испратил порака со заканувачка содржина дека на комбињата и автобусите има поставено бомби. Се заканил дека бомбите ќе се активираат кога возилата ќе пристигнат пред фабриката заедно со вработените во агенцијата.

Слични содржини