Добитничка на Нобеловата награда ја обелодени тајната на долгата младост!

од Vladimir Zorba

Претерувањето со газирани пијалоци, како и пушењето не чини цели пет години


Тајната на долгата младост е во седемчасовното спиење, алгите и кафето, тврди д-р Елизабет Блекбурн, кој ја доби Нобеловата награда за откривање на теломери, кои одредуваат дали старееме добро, соопштија светските агенции, повикувајќи се на “Дејли мејл”.
Со претерувањето со газирани пијалоци сепак старееме, како и со пушењето, за цели пет години.

Теломери се заштитните крајчиња на хромозомите кои ја штитат ДНК од оштетување. Познато е дека тие се намалуваат со годините. Минијатурна разлика во должината може да покаже ризик од рак или болест.

Според д-р Блекбурн теломерите се подложни на брзо абење исто од хроничен стрес, јо-јо диети, бел леб, шеќер. Медитеранската исхрана богата со витамин алги и неколку кафиња дневно, сепак можат да ни го продолжат животот.

Должината на теломери се наследува не само од родителите. Таа се определува и начинот на живот и стресот. При акумулација на килограми во половината, ризикот од нивно намалување се зголемува за 40 проценти. Тие сепак можат да бидат стабилизирани со диета, движење и спиење.

Доволно спиење ги одржува теломери млади, како и кафето. Истражување меѓу 4.000 жени покажа дека оние кои пијат кафе имаат подолги теломери.

Цели зрна, алгите, морска храна, зеленчукот исто така помагаат за подолги теломери, утврдија корејски научници. А според американски експерти, јагленохидратите и млечните производи не се нивни непријатели, за разлика од газираните пијалоци.

Теломери на луѓето кои пијат по две газирани пијалоци дневно, се со пет години постари. Чаша газирана дневно ја зголемува возраста на теломери за две години и човек станува подложен на болести како дијабетес.

Меѓу храната кои ја намалуваат должината на теломери се обработени производи на месо, ориз, тестенини, бисквити, сладолед.

Овие препораки се објавени во новата книга “Ефектот на теломерите”, напишана од д-р Блекбурн заедно со д-р Епел од Универзитетот на Калифорнија.

Слични содржини