DGA наградите се доделуваат од 1948 година, а само осум пати во историјата добитникот на наградата за најдобар режисер не се славел и на Оскарите.
Синоќа во Лос Анџелес се одржаа наградите, доделени од Здружението на режисери на Америка, а најмногу причина за славење имаше Кристофер Нолан, кој ја однесе престижната награда за најдобар режисер.
Ова беше прва DGA награда на Нолан досега, а ја доби за филмот „Опенхајмер“, кој се уште важи за еден од најголемите фаворити за овогодинешните Оскари во неколку категории.
Наградите се доделуваат од 1948 година и се еден вид вовед во Оскарите кога станува збор за категоријата најдобар режисер. Имено, само осум пати од првата награда до денес, добитникот на наградата DGA ја нема освоено престижната златна статуетка.
Исто така, на вчерашното доделување, режисерот на филмот „Минатите животи“, Селин Сонг ја доби наградата Мајкл Аптед за прв игран филм, додека Мстислав Чернов ја доби наградата за документарниот филм „20 дена во Мариупол“, кој исто така беше номиниран за Оскар.
Кога станува збор за сериите, Питер Хоар ја доби наградата за режија за драмата на HBO „The Last of Us“, додека креаторот на една од најпопуларните серии на денешницата „The Bear“ Кристофер Сторер ја доби наградата DGA за режија. За разлика од Еми наградите кои ги пропушти поради коронавирус, тој сега лично ја прифати наградата и ги насмеа сите со својот коментар:
„Успехот на серијата го должам на секој непријатен семеен ручек кој тргна во погрешен правец“, изјави Сторер.
Сара Адина Смит доби признание за режијата на мини серијата „Lessons in Chemistry“.