36
Добри вести пристигнуваат за клиентите на Шпаркасе и Фолксбанк во Германија.
Банките донесоа одлука за соработка, па клиентите на Шпаркасе покрај банкоматите на таа банка ќе можат да подигнуваат пари и од банкоматите на банката Фолксбанк и обратно.
Ваквата одлука е донесена од страна на банките бидејќи многу банки ги отстранија банкоматите бидејќи повеќето клиенти финансиските трансакции ги вршат преку мобилните телефони.
Во моментов во Германија е како лотарија да се најдат банкомати каде клиентите на банката можат да подигнат пари.
Ова е причината зошто двата банкарски гиганти Шпаркасе и Фолксбанк веќе соработуваат во околу 430 случаи и споделуваат локации на банкомати.