Добри вести за Њу Орлеанс

од Vlatko K

Кошаркарот на Њу Орлеанс, Ентони Дејвис, ќе се врати во игра за вечерва против Индијана. Ова го
објави тренерот на тимот, Алвин Гентри.

На последната средба пред „Ол Стар“ викендот на 14 февруари, Дејвис го напушти теренот во
победата на тимот над Оклахома Сити, поради повреда на рамото. Тој потоа играше само пет
минути во Натпреварот на ѕвездите.

Ентони Дејвис има просек од 28.1 поени, 12.9 скокови, 4.2 асистенции и 2.5 блока оваа сезона.

Слични содржини