Додајте ги овие три состојки за прекрасен шампон за коса

од Vladimir Zorba

Ако вообичаениот начин на кој ја миете косата – со шампон, балсам и вода, не го дава посакуваниот резултат, можеби е време да додадете некои природни состојки во шампонот, за да имате здрава и мека коса, со повеќе сјај. Еве што може да биде корисно.

1. Активен јаглен во прав

Познат по своите својства за чистење, помага да се отстрани контаминацијата на косата.

Се што треба да направите е да измешате дел од правот во шампонот пред да го ставите на косата. Потоа измијте ја косата на вообичаениот начин.

2. Алое Вера

Алое Верата има богата содржина на витамин Е. Тој е многу важен за здравјето на косата, ја прави мека и сјајна.

Земете дел алое вера од внатрешноста на растението и нанесете го на вашата коса пред шампонирање. Оставете го 10-15 минути и потоа исплакнете го. Алое Вера ќе делува како природен мелем и ќе ја зајакне вашата коса.

3. Розова вода

Можете да направите своја розова вода дома. За ова, оставете неколку лисја од роза потонати во вода за еден час. Потоа нанесете ја оваа вода на вашата коса и оставете ја 15 минути пред да ја отстраните. На овој начин ќе заборавите на непријатните мириси во вашата коса.

Слични содржини