Додека едни го напаѓаат, други го фалат Заев за брзата реакција против провокациите

од Берта Китинска

Интервјуто на премиерот предизвика жестоки реакции. Опозицијата организираше протест на кои побараа оставка од Зоран Заев, и обединување на народот, за, како што кажа, да се стави крај на ова зло. Рекации имаше и од бугарските и македонските политичари.

Интервјуто на Заев и партиски лидер ги врати и на „Бихаќска“ поделбите на поранешни и сегашни функционери.

За разлика од Црвенковски, кој побара СДСМ да се огради од позициите на Заев, другите двајца поранешни лидери на партијата – Шекеринска и Бучковски го поддржуваат сегашниот премиер.

Сегашниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев му кажа „не“ на својот претходник во партијата Бранко Црвенковски, кој денеска се огласи по подолго отсуство од политичкиот живот, оценувајќи го како скандалозно неговото интервју за БГНЕС.

„Македонските граѓани избраа иднина и избраа да чекорат напред, а Црвенковски е историја“,одговорија од СДСМ, практично, одбивајќи го барањето на некогаш неприкосновениот лидер на партијата и поранешен премиер и претседател на државата -да се состане Централниот одбор на СДСМ и да се огради од ставовите на Заев.

Црвенковски, во обраќање до сопартијците, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ – додека ЦО не одржи седница на која ќе се огради од ставовите на Заев. Но, со оглед на тоа што седнците на ЦО ги свикува партискиот лидер, кој го утврдува и дневниот ред, членството на Црвенковски во СДСМ, веројатно, ќе остане замрзнато подолго време.

Бугарското МНР

Софија ја цени брзата реакција на Скопје против провокациите. Оваа порака била испратена откако денеска во бугарското Министерството за надворешни работи (МНР) на разговор бил поканет вршителот на должност амбасадор на Република Северна Македонија во Бугарија, јавува БГНЕС.

На состанокот во бугарското МНР, пишува медиумот, бугарската страна нагласила дека ги цени брзите реакции на властите во Скопје во врска со случајот на палење на бугарското знаме и пројавите на говор на омраза на социјалните медиуми против членови на бугарската Влада.

Каракачанов: На Бугаринот секогаш акалот му доаѓа следниот ден

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов вели дека очекува тоа што го изјавил Заев да биде дел од пишана декларација, со што и практично се потврдува тоа што го бараше Бугарија за анекс на Договорот и натаму останува.

Каракачанов коментирајќи ги ставовите во интервјуто, со навредлив тон рече дека на Заев сега му дошол, акалот. Иако Заев во интервјуто говореше дека со Бугарија имаме заедничка историја, Каракачанов додава, таа е бугарска.

„По стар бугарски обичај, нели знаете, на Бугаринот секогаш акалот му доаѓа следниот ден. Така и со колегата Заев. Дали му верувам или не, не е важно. Преферирам повеќе да не верувам на изјави и на интервјуа, туку да видам што се прави. Историјата е општа, но треба да прецизираме каква. Таа е општа, но е бугарска историја“, рече Каракачанов.

Захариева: Односите меѓу Бугарија и С.Македонија треба да наликуваат како на Шпанија и Латинска Америка

Според Захариева односите меѓу Бугарија и Северна Македонија треба да наликуваат на односите меѓу Шпанија и Латинска Америка.

-Проблемот со историјата е што погрешните и лажни интерпретации на настаните, луѓето и случувањата имаат директно влијание врз актуелните случувања и тоа создава јазик на омраза и негативна кампања против Бугарија и Бугарите, нешто што е апсолутно недозволиво за нас, вели таа.

Захариева со обвинување до македонската политичка елита дека „ги минале изминатите 30 години од независноста од Југославија за да го стимулираат и толерираат тој јазик на омраза, нешто што во крајна смисла влијаеше на обичните граѓани во земјата“.

Пендаровски политичар со 20 годишно искуство

Откако Заев во интервјуто го оквалификува претседателот Пенводаровски како не толку искусен политичар, одговори и шефот на државата.

„Моето 20 годишно искуство во меѓународната политика ми овозможува прецизно да ги мерам зборовите и ставовите кои ги искажувам кога разговарам со моите бугарски соговорници. Го погледнав интервјуто и реакциите во македонската јавност за жал беше присутна дилемата дали државниот врв настапува единствено по однос на ова прашање“, рече Пендаровски.

Слични содржини