Додека го гледате ова видео од 7 минути, Џеф Безос заработи милион долари (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Неприконовениот шеф на „Амазон“, Џеф Безос, долго време е на 1-та позиција на најбогатите луѓе во светот, и постои голема шанса тоа наскоро да не се смени. Мислите ли дека кризата со корона го мачи барем малку? Воопшто не. Тоа му помогна да достигне неверојатни 171,6 милијарди долари.

Не знаеме како е да се биде во кожата на најбогатата личност на планетата, која брои скоро осум милијарди луѓе, но знаеме дека не е лесно да се потрошат оваа огромна сума пари, бидејќи Безос заработува дури милион долари за само седум минути. Акциите на Амазон скокнаа за 4,4 проценти на 1 јули, на рекордни 2.878 долари.

Тоа му помогна на Безос да го сруши рекордот од 2018 година, кога достигна вредност од 167,7 милијарди долари. Само оваа година, го зголеми богатството за 56,7 милијарди долари, со што дополнително го продлабочува јазот меѓу богатите и сиромашните во САД. Неговиот онлајн гигант постигна огромен напредок поради карантинските мерки, иако деновиве Безос се соочува со агресивни протести од работниците.

Сè на сè, додека го гледаме ова видео кое трае 7 минути, Безос ќе стави уште еден милион долари во џеб.

Џеф Безос е роден на 12 јануари 1964 година во Њу Мексико. Неговата мајка имала само 16 години кога го родила, таа сè уште одела на училиште, а татко му бил малку постар и имал продавница за велосипеди.

Тој бил добар студент, секогаш добивл најдобри оценки, а дипломирал на Универзитетот Принстон (САД). Идејата за лансирање на онлајн платформа како Амазон му дошла кога имал 30 години, а потоа живеел во Њујорк и работел во финансии.

Слични содржини