Додека Камчев го собирал милионот за рекетот, во СЈО мислеле дека се спрема да бега!

од Vlatko K

 Парите од снимката на италијанскиот весник „Ла Верита“, според информациите на Телма од истражни органи, се подигнати како позајмица преку Банка во која сопственички удел има Орце Камчев, сведокот. Позајмиците ги даваат други фирми на Камчев, и се дадени на лично име на сопругата на Камчев и на друга жена близок роднина на сведокот. Трансакциите се регистрирани во финаниско разузнавање, а потоа како сомнителни се пријавени во СЈО. Таму била разгледана информацијата, првин се мислело дека е подготовка за бегство на Камчев кој е соомничен во случајот Империја.

Но мислењето на финансискиот истражител било дека овој начин на извлекување пари потсетува на исплата на рекет или изнуда и дека тоа може да се провери. Анализата е доставена до кабинетот на специјалната обвинителка Јанева, но ништо не било преземено.
 Од друга страна има толкувања и дека давањето пари, може да станува збор и  за Потпкуп или Мито, а не за Рекет. Поткупувачот е затвореникот и осуденик  Камчев кој сака да си ја купи слободата а не дека е изнуда, особено што во снимките тој е многу расположен и разговетен, весел а не  исплашен, барем така звучи во снимките сервирани од италијанскиот новинар на Ла Верите, пријател на ВМРО ДПМНЕ.

 

Слични содржини