Додека политичарите позираат, помошта доцни, а расте револтот кај граѓаните

од Vladimir Zorba

Политичарите и натаму се сликаат. глумат загриженост, покажуваат емоции , дури и се сликаат со лопати и засукани ракави, но револтот секој ден  е се поголем и поголем. Иако провладините телевизиии ја сокрија тепачката на „ партискиот војник“ на власта, кој лично бил вработен од градоначалникот, и затоа сега удира боксови за него, сепак од камерите на бугарските колеги се виде вистинската слика – луѓето се револтирани и реагираат , а властољубците  им удираат боксови за да ја замолчи и скрие сликата. Уште поголема перверзија е дека тоа се случува пред очите на минстерот за внатрешни Чавков, куп обезбедувања ,и на крајот воопшто не е битно  кој е кој, во ситуација на трагедија на жртви,  на загинати, на уништени домови некој наместо помош дели боскови. Каква  дрскост!  И уште повеќе,  никој  во истиот момент не  го осудува, ниту  лидерот кој глуми премиер, ниту  минситерот кој глуми закон и јавен ред и мир, ниту градоначалникот кој глуми спасувач од кризи. Си  тераат со сценариото за снимањето и парада, знаат дека нивните новинари и камери тоа ќе го скријат,  ама заборавија на Бугарите. Тиесега се предавниците па  покажаа и се се виде. Денеска белким ќе се тргнат и ќе биде поинаку.

DSC_0057 и три дена по невремето кое предизвика поплави во кои загинаа најмалку 22 лица, санирањето на штетите оди бавно

Во межувреме и натаму пунктовите за помош на настраданите во поплавите во скопскиот регион, самоницијативно организирани од граѓаните на неколку локации во градот. Тие  функционираа  и вчера, а ќе продолжат со работа и во наредните денови, и покрај апелите на Црвен крст дистрибуцијата на донациите до погодените подрачја да оди само преку нив. Реакциите  од граѓанството е дека вистинската помош не стигнува во вистинските раце и се дели селктивно дури и по лични релации и партиски книшки.Т окму затоа велат ако,  нека делат и волонтери и граѓани, и Црвен крст-не е штета!

(ВИДЕО) НЕ ПРЕСТАНУВААТ ИНЦИДЕНТИТЕ! ПРИДРУЖБАТА НА ГРУЕВСКИ ПРЕД НЕГО НАПАДНА НАСТРАДАН ГРАЃАНИН…

Од Црвен крст се повикуваат на владина одлука, според која донациите треба да се доставуваат само на  двата пункта на Црвен крст во Момин Поток и во училиштето „Наум Наумовски-Борче“, но волонтерите одат и натаму со  самоиницијативните пунктови со намера помошта побрзо да стигне до жителите од погодените подрачја/ За поголема ефикасност тие и  сами ги носат и директно ги делат донации куќа по куќа во Сингелиќ, Стајковци, Црешево, Ченто и Брњарци.

„Доброволците, во координација со локални жители, собираат информации каква помош е потребна на конкретни локации и потоа таму ги доставуваат собраните средства. Дополнително се информираме што и каде недостасува од групите на Фејсбук и објави на Твитер. DSC_0080

Се самоорганизираат и дијабетичарите за да им се помогне на болните од дијабетес од погодените подрачја, на кои им е потребен инсулин на дневна база. Од Здружението на дијабетичари се пожалија дека не можат да дојдат до официјални бројки за болни од дијабет во поплавените делови и самоиницијативно го објавија телефонскиот број од здружението 078/883-838 на кој помош може да побара секој. Тие истакнуваат дека немаат право да делат инсулинска терапија, но подготвени се да помогнат со сопствените залихи, кои лично ги имаат нивните членови, бидејќи се сомневаат дека на дијабетичарите од поплавениот регион им се однесени и залихите со инсулин.


На жиро сметката на Фондот за солидарност до вчера беа собрани 5.151.486 денари, а од донирање по 100 денари со повик на 075/070/077 143-400 беа собрани 7.910.000 денари

Од Црвен крст информираа дека за три дена дистрибуирале 5.500 пакети храна, 55 тони вода, 190 душеци, 356 кебиња и 210 килограми облека.

„Согласно информациите добиени од терен, Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли:

конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици и батериски лампи. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток, Скопје од 8 до 18 часот (телефон за контакт: 3 096 227) и во ОУ „Наум Наумовски Борче“, соопшти Црвен крст со уште еден апел „во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа“.DSC_0070

За време на вчерашната посета на Никола Груевски на Сингелиќ се случија и  два одвоени инциденти. Поранешниот премиер и скопскиот градоначалник Коце Трајановски, првин беа нападнати вербално oд група граѓани, незадоволни од тоа како институциите се справуваат со последиците од поплавите.

(ВИДЕО) ЖИТЕЛИ НА СТАЈКОВЦИ РЕВОЛТИРАНИ ПРЕД ПРЕМИЕРОТ: НЕ НИ ТРЕБААТ ПАРАДИРАЊА СО МАШНИ

Потоа, бугарската телевизија „Нова“ регистрираше едно лице од придружбата на екс премиерот министеорт и градоначалникот , патем вработен инспектор на општина  Гази Баба како физички нападна граѓанин, кој му се пожали на премиерот дека жителите се оставени сами на себе. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека „лицето кое се гледа на снимката не е дел од придружбата, ниту пак дел од тимот на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, и не е член на партијата“, а нападнатиот граѓанин го оквалификуваа како „уфрлен провокатор од СДСМ“.Сепак излажаа- тепачот е и поранешен советник на општината од дрга партија ама лојален на власта , а сега инспектор вработен во општината. И тоа е вистината, а не случаен граѓанин и дел од населението, кој тепа провокатор.

Инцидентот е кога „Партискиот војник“ од свитата на  Груевски при посетата на поплавените региони, пред негови очи удри и пцуеше граѓанин кој на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му рече дека не треба да доаѓа бидејќи три дена сами се снаоѓале.

„Граѓаните се оставени тука сами на себе три дена, ништо од вас“ , рече граѓанинот, по што човек кој беше со групата функционери предводени од Груевски почна да го турка, удира и пцуе.

 

Претходно граѓани на поплавената скопска населба Сингелиќ го исвиркаа и тргнаа со извици против  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во монентите кога  дојдоа во посета на ова село-јави ТВ ШЕЊА

Насобраните им довикуваа „Што сакате овде, бегајте“ и „Одете си, не сте ни потребни“.

 

Од скопката трагедија  со поплавите и настаните врзани со неа ,в чера беше пронајдена уште една жртва, 12-годишно момче, со што бројот на загинати во невремето во саботата стигна до 22. Како исчезнато се води и едно 16-месечно девојче.Се шпекулира дека има уште три или четири исчезнати лицаtimthumb (6)

Во овој монет сепак, најпотребни средства за донирање се: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици и батериски лампи

loading...

Слични содржини