Додека разбојник се заканува со пиштол, тој смирено јаде пилешки крилца (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Необјасниво мирно момче јадело пилешки крилца со својата партнерка кога разбојник со кацига на главата упаднал во ресторан во Сан Диего.

Додека разбојникот со пиштол барал од луѓето да му дадат паричници, херојот од видеото продолжил да јаде пилешките крилца.

Дури и кога разбојникот од него побарал да му го предаде телефонот, момчето не се откажало од оброкот и на урнебесно мирен начин продолжил со јадење.

Разбојникот го напуштил местото задоволен од пленот, додека гостинот воодушевен од крилцата не ни трепнал.

Некои корисници на социјални мрежи кои го гледале видеото започнаа теорија дека љубителот на крилцата мора да биде пријател на разбојницикот, односно дека тој знаел што ќе се случи, пренесува „Објектив“.

– Невозможно е некој да остане толку смирен во ваква ситуација“, „Тие се пријатели, ќе му го врати телефонот и паричникот подоцна, секако“,„Не сум видел човек што повеќе сака пилешки крилца од ова – овие се само дел од коментарите на ова видео.

Слични содржини