Додека Роналдо е во карантин, Георгина уловена на шопинг

Откако играчот на Јувентус Даниеле Ругани стана првиот фудбалер во Серија А со официјална потврда дека е заболен од коронавирусот, најголемата ѕвезда на Јуве, Кристијано Роналдо одлучил да се повлече во самоизолација за време на епидемијата.

Фудбалерот се наоѓа во карантин, а фотографите го „уловиле“ како се сонча на балконот на својата куќа бо Португалија.

Со него, во тој момент не беше неговата партнерка Георгина Родригез. Таа очигледно не ни размислува за карантин, со оглед на тоа дека фотографите ја фотографирале како оди во шопинг.

Инаку, Роналдо замина во Португалија да ја посети својата мајка, која неодамна имала мозочен удар, пред да се дознае дека Ругани е болен. Поради тоа, тој не можел да се врати во Италија и останал во самоизолација во Португалија.

Слични содржини