Додека Роналдо ја славеше победата, зад него се случуваше вистинска драма (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа по пресврт на домашен терен против Аталанта со 3:2 во 3. коло од групата Ф од Лигата на шампионите.

Иако гостите од Италија на полувреме имаа 2: 0, Јунајтед го сврте резултатот со головите на Рашфорд, Магваер и Кристијано Роналдо, кој уште еднаш беше херој на „Олд Трафорд“.

Тој погоди во 81. минута од натпреварот за целосен пресврт и нови три поени, а по последниот свиреж на судијата, камерите снимија необична случка помеѓу навивач и португалската sвезда.

Додека Роналдо одеше кон соблекувалната, зад него одеднаш се појави навивач, фатен од неколку редари. Тој се обиде да дојде до португалскиот фудбалер, најверојатно за да се фотографира со него, но во последен момент чуварите успеаја да го фатат и да го одвлечат.

Го изненади Роналдо кој само погледна за што се работи и кратко се насмеа.

По три кола од Лигата на шампионите, Манчестер Јунајтед е прв во групата Ф со шест бода, додека Аталанта е на третото место со четири, колку што има и второпласираниот Виљареал.

Слични содржини