Додека Саутгејт е селектор, Вокер да заборави на повик за репрезентацијата

од Stefanija Kuzmanovska

Долгогодишниот играч на репрезентацијата и еден од најискусните фудбалери на кои Герет Саутгејт сметаше многу, очигледно ја заврши кариерата во дресот на Англија. Барем за некое време.


Поради нарушени правила околу изолацијата, Кајл Вокер може да биде казнет од повеќе страни. Клубот реши да го казни, додека тренерот на репрезентацијата може да престане да му испраќа повици за настап во репрезентацијата. Тоа сигурно ќе му наштети на дефанзивецот.

Иако препораките на надлежните, федерацијата и клубот требаше строго да се придржуваат кон правилата за карантин, а Вокер беше вклучен во акцијата повикувајќи луѓето да останат дома, играчот не се грижеше за нив. Тој направи мини-забава, заедно со уште еден пријател.

Двајцата си „нарачале“ неколку проституки, а тоа воопшто не и се допадна на јавноста во Англија. Затоа островските медиуми известуваат дека репрезентативната кариера на десниот бек заврши, барем додека Герет Саутгејт е на таа позиција.

Разочаран од однесувањето на Кајл Вокер, поранешниот дефанзивец реши да го избрише од идните планови. Тренерот на Англија има луксуз да донесе таква одлука, бидејќи токму на оваа позиција дојдоа двајцата најталентирани играчи Англичаните. Трент Александар-Арнолд е еден од најдобрите бекови во светот, додека Арон Ван-Бисака е фантастичен во дефанзивните задачи.

Тоа што дефанзивецот на актуелниот шампион се извини по инцидентот во кој учествуваше очигледно не беше доволно. Одлуката е донесена, а сега 29-годишниот играч ќе треба да почека промена на селекторот за да се врати во тимот. Ако има простор тогаш.

Слични содржини