Додик: БиХ е неуспешен експеримент на западната политика

од Maja Serafimova

Членот на српското претседателство на Босна и Херцеговина (БиХ), Милорад Додик рече дека Русија останала доследна на Дејтонскиот мировен договор, додека американската администрација продолжила со негово нарушување, во согласност со претходните ветувања за Бошњаците во БиХ, дека ќе направат држава за нив.

Додик за „РТ“ изјави дека Американците тоа го прават постојано во последниве 24 години.

И покрај ова, додаде Додик, тие не успеаја да ја укинат Република Српска, туку „киднапираа дел од нејзината надлежност, систематски кршејќи го Дејтонскиот договор.

Додик смета дека БиХ е неуспешен експеримент на западната политика.

„Уште во поранешна Југославија, БиХ се сметаше за „мала Југославија“ и ако не преживеа самата Југославија, зошто Босна би преживеала“, праша Додик.

Слични содржини