Додик има најмногу гласови на изборите за претседател на Република Српска

од Nikola Popovski

Централната изборна комисија на БиХ објави нови прелиминарни резултати за изборот на претседател на Република Српска, а мнозинство гласови доби кандидатот на СНСД, Милорад Додик.

Додик освои 268.635 гласови или 48,36 отсто, додека кандидатот на ПДП Јелена Тривиќ 240.353 гласови или 43,27 отсто.

Обработени се 90,04 отсто од избирачките места.

Сенад Братиќ ја доби довербата од 9.502 граѓани, односно 1,71 отсто и е се поблиску до местото потпретседател од бошњачкиот народ.

По него следи Чамил Дураковиќ со 7.668 гласови или 1,38 отсто.

На позицијата потпретседател меѓу хрватскиот народ води Давор Прањиќ со 1.472 гласови (0,26 отсто) и благо ја зголеми предноста пред Иван Бегиќ, која во претходната анкета изнесуваше 35 гласа.

Според новите резултати, Бегиќ ја добил довербата на 1.429 гласачи, пренесе РТРС.

Слични содржини