Додик: Ќе го прашам Ердоган дали поддржува еден или сите народи во БиХ

од Vladimir Zorba

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, на денешниот состанок изјави дека ќе го праша турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дали Турција, како член на Советот за имплементација на мирот (PIC), поддржува само една нација или се залага за изборна единица на сите три нации во БиХ.

Тој на денешниот Самит на процесот за соработка во Југоисточна Европа, што се одржува во Турција, рече дека БиХ има статус на протекторат на меѓународната заедница и го постави прашањето – како може да се движи кон европска интеграција како таква.

„Немаше одговор на тоа прашање“, изјави Додик за РТРС.

Посочи дека на самитот се разговарало за пандемијата на коронавирусот, односно постпандемискиот период, во кој се бараат решенија како да се оди напред и што да се прави во областа на економијата.

Додаде дека тема е дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и иницијативата „Мал Шенген“.

Додик посочи дека на Самитот јасно кажал дека БиХ не го признава самопрогласеното Косово и дека овој проблем може да се реши само преку дијалог меѓу Белград и Приштина.

„Побарав оперативно да се развива потребата од „мини Шенген“ и да се овозможи побрз проток на луѓе и стоки“, рече српскиот член на Претседателството на БиХ.

Додик, како и другите двајца членови на Претседателството на БиХ, Комшиќ и Џафеорвиќ се во посета на Турција, каде учествуваат на Самитот на процесот на соработка во Југоисточна Европа.

Потоа ќе учествува на дипломатскиот форум во Анталија, а ќе се одржи и средба со турскиот претседател.

Слични содржини