Додик ќе се сретне со Путин во Санкт Петербруг

од Nikola Popovski

Членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска пристигна во Санкт Петербург, каде ќе учествува на Меѓународниот економски форум, а во наредните денови, како што најави, ќе се сретне со руски претставници.

Фотографии од пристигнувањето на Додик во Санкт Петербург беа објавени и на официјалниот Твитер профил на СНСД.

Форумот беше отворен денеска, а пленарната седница е закажана за петок, на 17 јуни, кога се очекува учество на рускиот претседател Владимир Путин.

После тоа е планирана негова средба со Милорад Додик.

На форумот учествуваат државници од 70 земји, како и 2.000 учесници и 1.000 директори на компании.

Секоја година Форумот собира претставници од повеќе од 140 земји, а организаторите тврдат дека оваа година нема да биде исклучок.

 

Слични содржини