Претседателот на Република Српска Милорад Додик ги повика граѓаните и претставниците на здруженијата, кои најавија дека ќе организираат протест пред зградата на Судот и Обвинителството на БиХ, од безбедносни причини да не доаѓаат во Сараево. додик

Додик вчера потврди дека изутрината добил повик за сослушување од Обвинителството на БиХ поради одржување на референдумот за Денот на Република Српска.

Тој повтори дека ќе одговори на повикот и оти е подготвен да даде изјава во Обвинителството, но во некоја правосудна институција на РС и повтори дека нема да замине за Сараево.

Претседателот на РС во вторникот во Бања Лука изјави дека не е подготвен да замине во Сараево по изјавата на претседавачот на Претседателството на БиХ, лидерот на СДА Бакир Изетбеговиќ, кој му ја предвиде судбината на Моамер Гадафи и Садам Хусеин.

Слични содржини