Додик негира дека работи по налог на Путин

од Nikola Popovski

Американските функционери се обидуваат да исценираат дека ситуацијата во Босна и Херцеговина е ризична, дека има криза, но не ја кажуваат вистината, затоа ќе објавам транскрипти од состаноците, за јасно да се види за што се разговара, изјава денеска Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Тој оцени дека поврзувањето на ситуацијата во БиХ со Украина, наметнувањето стереотипи за тоа како Србите се Руси и како тој работи по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, е „неверојатна и целосна лага“.

-Имаме свои интереси, позиции, Република Српска, Уставот, се бориме за Уставот, ништо друго не правиме, изјави Додик, пренесе Радио телевизија Република Српска.

-Фактот што тие мислат дека треба да се водат далекусежни политики од нивните злонамерни канцеларии е друго прашање, рече Додик, додавајќи: „Тоа може да биде секој, дури и Американците, но ние мораме да ја кажеме вистината, а она што тие го кажаа не е вистина“.

Слични содржини