Додик: Република Српска нема да даде согласност за признавање на Косово

од Vladimir Zorba

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека Република Српска нема да даде согласност за признавање на Косово и дека тој став го пренел на шведската делегација, со која се состана во Сараево.

Додик истакна дека „Република Српска не ја признава самопрогласената независност на Косово, но дека е подготвена да соработува со регионот во рамките на иницијативата „Мал Шенген“.

„РС не сака да даде согласност БиХ да го признае Косово, но постои можност односите да се релаксираат преку проектот „Мал Шенген“. Се надевам дека наскоро ќе можеме да влеземе во тој процес“, рече тој на прес-конференција во Сараево.

Тој исто така рече дека ја пренел својата поддршка на оваа иницијатива до шведската делегација, наведувајќи дека и другите двајца членови на Претседателството на БиХ ја поддржале оваа иницијатива. Тој потврди дека членовите на Претседателството во петок ќе отпатуваат за Брисел, каде ќе се сретнат со европски претставници.

„Сакам да го поздравам фактот дека со престојот во Брисел пред неколку дена, ние бевме запознати со пакетот помош за Западен Балкан од девет милијарди евра. Тоа е помош за инфраструктурни проекти што треба да ги поврзуваат градовите од Западен Балкан“, рече Додик.

Зборувајќи за НАТО, Додик рече дека БиХ „не може да биде принудена да направи нешто за што нема внатрешен консензус“.

Според него, во БиХ нема договор за влез на земјата во НАТО, но тој додаде дека е важно да се обезбеди соработка со НАТО.

Милорад Додик и хрватскиот член на Претседателството на БиХ, Жеjко Комшиќ се состанаа во Сараево со шведската министерка за надворешни работи Ен Линде, министерот за внатрешни работи Микаел Дамберг и специјалниот пратеник на Министерството за надворешни работи за борба против организираниот криминал – Хакан Јеврел.

Слични содржини