Додик се пријави во Обвинителството на БиХ за негирање на геноцидот

од Vladimir Zorba

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, самиот се пријавил во Обвинителството на БиХ за негирање на геноцидот, објави Радио-телевизијата на Република Српска (РТРС).

Додик изјави дека тоа го сторил самиот, како што рече, „за да ги ослободи муслиманите кои би можеле да бидат изложени на притисок и барања на нивните политички водачи, кои имаат жестоки чувства кон Србите, да поднесат кривична пријава против него“.

„За да избегнам прегреани емоции и ниски страсти од задушувачката политичка кујна во Сараево, во која секојдневно се произведува омраза кон Србите, решив да се пријавам“, рече тој.

Во исто време, Додик ги повика Србите што работат за Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) да не постапуваат по наредба на Обвинителството на БиХ во врска со наметнатиот закон за забрана на негирање геноцид.

„Барам од директорот на СИПА (Дарко Чулум) да не постапува по тие наредби и ниту еден Србин да не постапува. Верувам дека Хрватите ќе прифатат да не постапуваат по такви работи, бидејќи такво нешто ќе им се случи наскоро”, рече Додик .

Како што рече, тој е убеден дека ниту еден српски обвинител и судија нема да постапува според наметнатиот закон за забрана на негирање геноцидот, но дека ќе се стреми да го заштити секој граѓанин на Република Српска.

„Ги повикувам сите луѓе во Република Српска, по какви било информации за можните активности на СИПА или разузнавачката служба, да ја известат надлежната полиција“, рече Додик за Алтернативната телевизија на Бања Лука.

Изјави дека во Република Српска ќе биде во функција посебен број, преку кој граѓаните на РС ќе можат да ја известат полицијата доколку им е потребна заштита.

Слични содржини