Додик: Ситуацијата во Украина не е разгледана, ниту е донесена одлука

од Nikola Popovski

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека БиХ не ја разгледувала ситуацијата поврзана со Украина, ниту пак донела некаква одлука за тоа, така што никој нема право ниту може да зборува во нејзино име.

Додик рече дека амбасадорот на БиХ во ОН Свен Алкалај ја игнорирал уставната позиција и структурата која предвидува надворешната политика да ја води Претседателството, кое може да ја одреди позицијата.

„Никој нема право да зборува во име на БиХ. Неговите постапки се ништовни“, рече Додик.

Додик додава дека на ист начин се однесува и министерката за надворешни работи во Советот на министри Бисера Турковиќ која се обидува да ја води својата и политиката на партијата на која и припаѓа.

Тој рече дека ставовите на политичко Сараево за украинската криза се само нивни и дека немаат никаква врска со ставовите на БиХ, пренесе РТРС.

Слични содржини