Додик со пет пати поголем буџет од Милановиќ и 17 пати поголем од Вучиќ

од Nikola Popovski

Од 10,2 милиони конвертибилни марки (5,19 милиони евра), буџетот на претседателот на Република Српска расте на 55,9 милиони КМ (28 милиони евра). Според вкупните средства со кои располага, Милорад Додик ќе биде најмоќниот претседател во регионот во следните четири години.

Претседателите на сите други земји во регионот имаат неспоредливо помалку на располагање од претседателот на Република Српска. Буџетот на Додик ќе биде пет пати поголем од буџетот на претседателот на Хрватска, земја членка на Европската унија. Зоран Милановиќ има на располагање 10,1 милиони КМ (нешто повеќе од пет милиони евра), пишува „N1 Сараево“.

Буџетот на претседателот на Република Српска ќе биде 17 пати поголем од буџетот на претседателот на Србија. Александар Вучиќ има на располагање само 3,3 милиони КМ (1,68 милиони евра). „Најсиромашниот“ од сите претседатели на оваа листа ќе остане Мило Ѓукановиќ. Претседателот на Црна Гора и лидер со најдолг стаж во регионот го предводи кабинетот, кој располага со 2,6 милиони КМ (1,32 милиони евра).

Овие средства Додик ќе ги има на располагање пред се за хуманитарни прашања. Иако тоа не е негова одговорност, со дури 30 милиони КМ ќе може да помогне во изградбата и реновирањето на објекти за деца и млади.

Слични содржини