Додик со седум свештеници освети бензиска пумпа, па сврте вол на ражен (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Бензинската пумпа во Мањача, Босна и Херцеговина била свечено отворена во вторникот, а на отворањето присуствувале и српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик и седуммина свештеници на СПЦ кои ја осветиле пумпата.

На снимката од отварањето на пумпата се гледа дека на свечената манифестација присуствуваа многу официјални лица, кои го прославија отворањето на пумпата под шатор под кои имаше редови маси, а меѓу нив и пејач.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, за гостите бил организиран и голем кетеринг, а на ражен се вртел вол.

Додик во еден момент им запеал на присутните, а потоа и се обратил.

„Република Српска е стабилна. Никој ништо не ни може, посилни сме од судбината“, порачал Додик.

Овој потег на српскиот член на претседателството наиде на низа осуди во босанската јавност и на социјалните мрежи.

Слични содржини