Додик: Во следните пет години, РС ја гледам како независна држава

од Берта Китинска

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина и лидер на владејачката партија во РС Милорад Додик денеска изјави дека Република Српска ја гледа како независна држава во следните пет години.

Додик оцени дека БиХ „преживува само затоа што ја одржува меѓународниот фактор“, додавајќи дека „силата“ е единственото нешто што останува да се зачува БиХ.

„Сега Милорад Додик е жестоко нападнат“, изјави тој за РТРС, наведувајќи дека ќе биде многу полесно да се покаже политичко единство во Република Српска.

Зборувајќи за санкциите што пред неколку дена му ги воведоа САД, Додик оцени дека Американците се „подготвени да одат до крај“.

Слични содржини