Договор на годината: Меси и Барса преговараат на два континента

од Stefanija Kuzmanovska

Најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси е слободен играч без договор од 1 јули, а преговорите за продолжување да настапува за Барселона не сопираат. Во моментов, тие се одржуваат буквално деноноќно на два континента со учество на околу 20 лица.

Интересни детали на оваа тема, што ги возбудува сите светски медиуми, откри аргентинскиот весник „Кларин“. Преговорите не сопреле веќе еден месец, а во моментов се водат разговори во хотел во Бразил, но не и оној во кој е аргентинскиот тим на Копа Америка.

Самиот Меси побара да не биде дефокусиран од дискусиите додека се подготвуваше за натпреварите со неговата репрезентација. Во недела, тој игра против Еквадор во четвртфиналето.

Во меѓувреме во Рио де Жанеиро, таткото на Меси, како и неговата армија агенти и адвокати, преговараат со луѓе од Барселона. Таткото на играчот е во директен контакт по телефон со претседателот Жоан Лапорта, со кого имаат одлични односи.

Во исто време, делегација од петмина шефови на каталонскиот клуб разговара во Мадрид со раководството на Ла Лига за да се осигура дека Меси може да биде пријавен со неговиот нов договор при олеснети услови за клубот според правилата за финансиски фер-плеј.

Хавиер Тебас, првиот човек на Лигата, ја предупреди Барса дека во моментов го надминува дозволеното, како што се платите на играчите и буџетот за трансфери, што значи дека треба да продава играчи и да остави простор за новата плата на Лео.

Двајцата најважни луѓе на клубот во овие преговори се спортскиот директор Матеу Алемани и Феран Ревертер, назначен од Лапорта пред неколку дена за генерален директор.

Во Рио и Барселона разговорите не престануваат, оставајќи многу мали детали и само чудо може да го спречи Меси повторно да потпише со Барселона, информира „Кларин“.

Слични содржини