Договорен откупот на вишокот тутун

од Берта Китинска

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата за состојбите за откуп на тутун од реколта 2020 година и донесе заклучок да му се укаже на Тутунскиот комбинат Прилеп да ги преземе сите активности да се откупат дополнителни 700 тони тутун од вишокот од последната реколта.

-Како доминантен сопственик на Тутунски комбинат Прилеп, Владата на Северна Македонија преку својот претставник во ова акционерско друштво ќе иницира постапка за реализација на овој заклучок на собранието на акционери на Тутунски Комбинат Прилеп.

Во врска со овие заклучоци Владата ги задолжи заменик-претседателот на Владата за економски прашања,  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и министерот за финансии во рок од 15 дена од Ковид програмата да обезбедат привремена финансиска поддршка за откуп на тутун со рок на враќање 10 декември 2021 година, соопштија од Влада.

Слични содржини