Договорите за парно ќе се испраќаат и по пошта

од Берта Китинска

Граѓаните почнаа да ги обновуваат договорите за парно греење со ЕСМ.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика-РКЕ, Марко Бислимовски изјави денеска дека нема потреба од гужви во пунктовите за потпишување на нови договори за парно откако ЕСМ ја презема дејноста од Балкан Енерџи Груп- БЕГ.

„Нема опасност некој да биде исклучен. Тие што немаат потпишано договори, ќе им пристигнат во поштенски сандачиња заедно со сметките за парно. Тоа е вообичаена работа да се потпишат нови договори. ЕСМ има таква обврска, сепак граѓаните треба да знаат дека нема да бидат исклучени“, кажа Бислимоски за време на гостувањето во телевизијата „Сител“.

Тој посочи и дека има проблеми со внатрешната инсталација во некои топлотни пумпи, но парно ќе има.

Новиот снадбувач во следниот период ќе воспостави сопствен систем за плаќање онлајн. Пунктовите во Тафталиџе, Центар и Аеродром ќе бидат отворени од 9 до 18 часот и ќе работат во сабота до 13и30. Од ЕСМ велат доколку корисниците не успеат до крај на октомври да потпишат договор,ќе бидат контактирани а на лица кои се неподвижни ќе им биде испратена екипа на домашна адреса. Греењето непрекинато ќе се испорачува и во ниеден момент испораката нема да биде загрозена, Велат од ЕСМ.

Слични содржини