Дојде и тој момент: Враќање на Пау Гасол

од Vladimir Zorba

Потврдата пристигна, Пау Гасол е подготвен да се врати на паркетот. Тој ќе го има своето второ деби во дресот на Барселона во последното коло од Евролигата против Баерн Минхен (21.00 часот).

На прес-конференцијата пред дуелот со Баварците, тоа го најави и тренерот на каталонскиот клуб, Шарунас Јасикевичиус.

„Пау е добро. Тој многу напредуваше на тренинзите. Се чувствува добро тука. Размислуваме да му дадеме неколку минути, но не знаеме точно колку и на кој начин“.

Потврда дојде и од 40-годишниот центар. Тој на социјалните мрежи објави дека својот прв натпревар во дресот на „блаугранас“ ќе го одигра во петок по 20 години.

„Дојде моментот. Утре е тој ден“, напиша кратко тој покрај фотографијата во дресот на неговиот сакан клуб.

Тоа ќе биде прв настап на Гасол од март 2019 година, кога помина 15 минути во дресот на Милвоки на паркетот во поразот од Сан Антонио и постигна три поени, со три скока и една асистенција.

loading...

Слични содржини