Дојран и Демир Капија без активни случаи на коронавирус

од Берта Китинска

Бројот на заразени и починати лица од ковид 19 во земјава се намалува.Денеска се регистрирани 14 нови случаи на Ковид-19, од кои 10 се од Скопје и по 1 случај во Куманово, Кавадарци, Ресен и Македонски Брод.

Во моментов најмногу активни случаи има во Скопје (1087),еден има во Берово додека пак во Дојран и Демир Капија нема ниту еден активен носител на  коронавирус.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 071, бројката на оздравени пациенти е 147 043, на починати е 5 342, а бројот на активни случаи изнесува 2 686.

Слични содржини