Дојран за првпат од своето постоење обезбеди комплетно ново амбулантно возило

од Vladimir Zorba

Општина Дојран за првпат од своето постоење обезбеди комплетно ново амбулантно возило.

Возилото за брза помош ќе биде постојано достапно и на располагање за жителите од Општина Дојран кои имаат потреба од брза интервенција.
Со оваа набавка дополнително се зајакнуваат капацитетите за транспорт на пациенти и се овозможува побрз и полесен пристап на пациентите до потребните здравствени услуги, особено што станува збор за пациенти во животозагрозувачка состојба, кога брзата реакција е од витално значење.

Амбулантното возило исто така ќе биде од голема помош во месеците кога Општина Дојран има зголемен број на туристи и посетители. Во случај на итни здравствени интервенции жителите на општината, но и туристите ќе имаат брз, сигурен и безбеден здравствен транспорт.

„Изразувам особена благодарност до транспортната фирма Руски транс за донацијата и секако им се заблагодарам на министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче и директорот на ЈЗУ здравствен дом со проширена дејност Гевгелија, г-дин Митко Крџев за нивното присуство на примопредавањето на амбулантното возило“, изјави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Новото амбулантно возило е со целосна високостандардна медицинска опрема.

Слични содржини