Докиќ: Нема лек за коронавирусот, најважен е имуниот одговор

од Берта Китинска

„Сметам дека јавноста не треба да се плаши дека нема да има место за сите во клиникте, вели професор д-р Дејан Докиќ во Студио 10.

Тој напоменува дека ќе има запирање на рапидниот галоп, како што беше во минатите 2-3 недели.

Во наредните две недели ќе се намалува притисокот на болните кои бараат легла. Слободно јавноста нека се јави на доктор, со позитивни тестови на приватни клиники ќе ги замолам да одат во Ковид клиниките, да не се мешаат со обичните пациенти. Не може самоиницијативно да се шетаат со оние пациенти што се во чекалната“ вели Докиќ во Студио 10.

Водено Докиќ вели дека за ковид 19 нема лек.

„Се игнорираат симптомите, и Ковид и грип се со исти симптоми, не можат сами пациентите да разграничат. Плазмата од заболени (ковалесцентни) се дава кај пациенти кои се во почетна фаза на болеста, `ремдесивир` лекот не делува кај сите пациенти. Во потешки стадиуми, овој лек нема такви резултати. Нема лек за овој вирус. Најважен е имуниот одговор“ вели Докиќ.

Слични содржини