Докиќ со предупредување: Собирање за верски празници би можело да биде фатално во однос на новозаразени од коронавирусот

од Vladimir Zorba

Доктор Дејан Докиќ во отворената програма на „24 анализа“ изјави дека не очекува пик на случаи како во Шпанија и Италија во однос на заразени и починати одпандемијата од коронавирусот.

– Тоа нема да се случи кај нас бидејќи се преземени мерки кои што на некој начин пикот ќе го обезглават. Тоа ќе биде повеќе како едно ридче, а нема да биде висока стрмна планина и не очекувам тоа да биде енормен број на пациенти. Тој можеби постепено ќе расте, што значи тој врв ќе биде затапен, не очекувам дека тоа ќе биде проблем и ќепредизвика закочување на здравствениот систем и впрочем тоа е целта на мерките за нашите здравствени капацитети да бидат доволни за да ги примат сите оние на кои им потребна хоспитализација и да имаме доволен број на респиратори за да се спасат животи.Затоа некој драстичен врв јас лично не очекувам, вели Докиќ.

Тој смета дека се очекува тој „затапен“ врв во следните неколку недели и секако ќе зависи од и од престојните верските празници.

– Доколку луѓето се собираат во поголеми групи тоа ќе биде фатално во однос на пренесувањето и тоа може нагло да го зголеми бројот на нови случаи, вели тој.

Слични содржини