Доктор од Јужна Африка излечи глув пациент со првата трансплантација на средно уво во светот

од desk2

Тим од доктори од главниот град на Јужна Африка, Преторија, станаа пионери на полето на глобалната медицина откако ја извршија првата трансплантација на средно уво во светот. Ова достигнување, за кое беше искористена 3Д технологија за реконструкција на коските од средното уво, е долгорочно решение за сите кои имаат проблеми со слухот.

Операцијата може да се направи на луѓе од секаква возраст, вклучувајќи и новороденчиња и може да излечи секаков вид глувост која е предизвикана од физичко оштетување или инфекција на средното уво, како и вродени дефекти и метаболички болести.

Првиот пациент на кој беше извршена таква операција е 35-годишен маж кој го изгубил слухот откако во сообраќајна незгода му било уништено средното уво. Поради природата на траума, а операцијата траела час и половина.

Мозокот на медицинскиот тим од болницата Бико на Универзитетот Преторија, професорот Машудо Чифуларо, изминатата деценија го истражувал кондуктивното губење на слухот, а во изминатите две години користел технологија за 3Д печатење за да скенира и целосно да го реконструира средното уво, односно чеканчето, наковалната и узенгијата.

„Со замена на деловите од увото кои не функционираат соодветно, процедурата носи значително помалку ризик отколку протетичките помагала и хируршката процедура за поставување на тие помагала. Ние ќе користиме титаниум за деловите од увото затоа што е биокомпатибилен. Со недоскоп ја вршиме трансплантацијата, па треба да биде брзо и со минимални лузни” изјави Чифуларо.

Чифуларо има за цел процедурата во иднина да стане достапна и за сиромашните луѓе, односно сите што се лекуваат во државните болници во Јужна Африка. „Бидејќи процедурата се врши во нашата татковина, а деловите се прават тука, мора да биде достапна и за луѓето кои се лекуваат на државен грб. Ќе биде достапна за сите затоа што ќе ги обучуваме младите доктори да можат да ја вршат операцијата“ додава Чифуларо.

За него во медицината важи само едно правило – иновирај или не биди доктор. Тоа се однесува и на образованието, истражувањето, иновациите и на клиничките процедури, како и на изумувањето нови решенија за еден куп проблеми со кои се соочува посиромашното население.

Слични содржини