Доктор Пановски: Ова ќе потрае подолго време, за колективен имунитет со ова темпо на мерки ни се потребни 10 години

од Aleksandar Petrovski

Доктор Никола Пановски гостуваше „Само Вистина“ каде истакна дека и натаму треба да се почитуваат мерките затоа што според него ова ќе трае подолго време.

-Треба да се почитуваат мерките и понатаму, ова ќе трае подолго време. Можеби стивнува но многу благо. Се надевавме на оние денови кога имаше меѓу пет и 10. Да продолжеше така ќе можевме така да кажеме, но мислам дека тие денови беа резултат на тридневниот велигденски карантин и баш после тоа тие три дена навистина теоретски скоро да не можеше да се шири вирусот, а кога се се живее колку може на шкрги сепак тој се шири и мислам и со топлото време ќе се компензира олабавување на мерките и дека нема многу да падне бројот, ќе има се уште случаи.

Тоа е случајот и во светот сите викаат стивнува меѓутоа кога ќе видите дека има над 1000 на ден, во големиве земји над 10.000, 20.000 еве во русија и САД. Мислам дека со сигурност да заклучиме дека карантинот и рестриктивните мерки не успеаја да го уништат вирусот или да го спречат неговото постоење. Вирусот не се успеа да се уништи на овој начин сем ако сам не замине нема карантински мерки да го уништат и сега ова отворање не е затоа што се намалува бројот на заболени туку заради тоа што оваа состојба во светот е неиздржлива во повеќе аспекти, економски, психолошки, па и здравствени аспекти. Мислам дека ова ќе тлее и преку летото, доказ се афричките земји кај што нема ширење на епидемија, но во сите има постоење на нови случаи каде има висока температура.

Според Пановски со вакво темпо би се постигнал колективен имунитет за 10 години

-По моја пресметка ние сме земја која просечно тестира, по број на процент на позитивни сме околу 8 проценти, по некоја формула се зема дека откриените се 6 проценти. Останатите не би рекол дека се асимптоматски од она што го гледам од медиумите огромен број се со лесни симптоми, па и со посериозни. Многу луѓе не влегле во алгоритам, јас знам 15-тина кои се јавни личности. Замислете има некои уште 200, 300 кои биле болни и кои им прошла болеста. Кај нас има околу 25.000 до 30.000 луѓе кои биле во контакт со вирусот. Од тие 25.000 ако земеме 1200 им прошла имуни и околу 6000 се активни. На 1000 жители во македонија, тројца се активни од кои само 300 од тие 6000 се во изолација другите се шетаат или се болни а не ги фаќа алгоритмот или има многу што воопшто не се јавуваат. Отприлика 10 луѓе на 1000 имаат имунитет. Со ова темпо до крај на мај 10.000 луѓе просечно би се инфицирале отприлика колективниот имунитет е од 60 отсто ако сме под услов два милиони, колективен имунитет со ова темпо би се постигнал за 10 години со ова темпо на мерки. Можеби треба да се размисли кај се жариштата и таму да се појачаат мерките, а не целата држава да страда заради ова бидејќи има огромни разлики. Од епидемиолозите ми фали анкета каде се случуваат овие работи и да кажат кој е главниот начин на пренос и таму да се удри ефектот, дали е тоа заради блискиот контакт, дали е надвор, внатре или слично, рече Пановски.

Слични содржини