Актуелно
Почетна / Магазин / Доктор веќе 4 години не користи шампон: „Природно е да имаме бактерии на кожата“ (видео)

Доктор веќе 4 години не користи шампон: „Природно е да имаме бактерии на кожата“ (видео)

Д-р Џејмс Хемблин бил гостин во шоуто „This morning“ кога раскажал за тоа како веќе четири години не користи шампон, гел за туширање или лосион, а сето тоа е дел од експериментот што тој сакал да го докаже дека сите овие производи се всушност штетни за нас.

Според „Метро“, доктор Хемблин вели дека тој само се исплакнува со вода, а збунетиот водител Имон Холмс го прашал дали „мириса убаво“, бидејќи не користи производи за нега на тело.

„Да, мирисам убаво. Ми требаше некое време да се навикнам на тој начин на одржување хигиена, но јас не смрдам – тврдат другите околу мене“, рекол докторот низ смеа.

Гледајќи наназад на тој ден пред четири години, кога решил да ги елиминира сите производи за нега од неговата рутина, Хемблин изјавил дека го интересирало дали може да живее минималистички живот.

„Во исто време, научив за здравјето на кожата – се покажа дека имаме милијарди бактерии на кожата. Помислив, зошто постојано да ги миеме, ако е природно да ги имаме“, изјавил лекарот, додавајќи дека само ги мие рацете.

Видеото може да го погледнете на следниот ЛИНК.

loading...