Доктори се жалат дека не можат да го најдат Ивермектинот во аптеките

од Берта Китинска

Министерот за здравство, Венко Филипче утрово информираше дека лекот Ивермектин од денеска е достапен во аптеките и истиот може да се земе со препорака од матичен лекар или специјалист.

По оваа објава доктор Ненад Лазаров, кој е дел од Асоцијација на специјализанти и малди лекари – АСМЛ, испрати директни критики до Министерството за здравство.

-Лекот ГО НЕМА во аптеки, а ниту еден матичен лекар не е информиран ниту се дадени никакви препораки.Касниме месеци, а тоа ефектуира изгубени животи, пишува Лазаров на својот Фејсбук.

Оваа објава наиде на коментари и од страна на други лекари кои исто така прашуваат во кои аптеки го има лекот.

-Добар ден колеги, денес главна вест е дека “Стигнал лекот Ивермектин во аптеките”. Еве јас имам аптека не можам да стигнам до него пошто го нема во веледрогерии. Прашањето ми е: Кои се тие аптеки кај што стигнал Ивермектинот?, прашува една докторка на Фејсбук.

 

Слични содржини