Актуелно
Почетна / Актуелно / Докторка Каламарас од ГОБ 8 септември: Имаме луѓе кои се уште го негираат постоењето на вирусот, се додека некој нивни близок не се зарази

Докторка Каламарас од ГОБ 8 септември: Имаме луѓе кои се уште го негираат постоењето на вирусот, се додека некој нивни близок не се зарази

Инфектологот Патриција Каламарас од ГОБ 8 септември во изјава за ТВ 24 истакна дека резултат на новонастаната ситуација со заболени од Ковид-19 е недисциплината. Таа вели дека се уште дел од популацијата го негира постоењето на вирусот, се додека некој од нивната фамилија не се зарази.

-Во моментов имаме 35 пациенти од состојбата која е новонастаната е резултат на недисциплина досега одлично се држевме, не дозволивме да имаме сценарио Италија или Шпанија, одевме по една парабола ниска и тоа многу помогна во организацијата на водењето на овие болни. ја сфаќам потребата на популацијата да се ослободи од притисокот кој сите ние го вршевме, но тоа го правевме за добробитот на целокупната наша популација.

Најмногу ме плаши дел од популацијата што се уште го негира постоењето на вирусот, меѓутоа тоа е се додека некој од нивната фамилија не се зарази и потоа стигнуваме до состојба во која се соочуваме со тешки болни. Не сакаме да ги плашиме луѓето, но апелирам на едно разумно однесување да се сфати дека ова не е измислена работа и да се придржуваме до мерките. Новата ситуација со заболени датира меѓу недела до две наназад и е како резултат на непочитување на мерките.

Здравствените работници се бориме веќе три месеци со вирусот, се судруваме со тешки трагедии кои се случуваат во моментот, колку и да се трудиме на некои пациенти не можеме да им помогнеме. Имаме случаи кога многу брзо се развиваат од една средно тешка клиничка слика во нагло влошување. Има и пациенти кои во почетокот не сакаат да се исконтролираат не доаѓаат, размислуваат дека ќе помине само од себе и во исклучително тешка состојба доаѓаат во нашата болница кога веќе е предоцна, рече Каламарас.

-Апсолутно треба да бидеме загрижени за новиот бран заболени, немаме гаранции дека ќе го снема
Кога ќе стигнат нашите пациенти до инфективната болница паѓа во вода сето неверување нивно за болеста која предизвикува тешко дишење, температура итн. тогаш сите се уплашени.
Апелирам на пациентите било каква сомнеж да се јават кај матичните лекари. Има и појава кај дел од популација да ја прикријат состојбата ако има заболен некој во самата фамилија што е потенцијален кластер и ширење на заразата на повеќе луѓе.

Имав случај кога пациент имал контакт со друг заразен од Ковид-19 знаел дека е заболен и се одделил сам да живее и чекал болеста да помине сама по себе, за жал тој пациент заврши трагично.

Таа истакна дека капацитет на болницата е преполнет и смета дека треба да се воведе карантин каде има поголем број на заболени. Упати апел до граѓаните: Верувајте дека постои вирусот за да не се уверите самите.

loading...